Фото: Со „Бела ноќ“ започна главната туристичка сезона во Охрид
07.07.13 01:07
Илјадници посетители уживаа во концертот на Каролина Гочева на плоштадот „Св. Климент Охридски“, што се одржа во рамки на манифестацијата „Бела ноќ“, со која официјално е отворена туристичката сезона во Охрид. Забавата ја збогатија Панчо и ДНК и диџеите Лефанк и Ајсберг.
Каролина Гочева
Присутните ги поздрави градоначалникот Никола Бакрачески кој посака успешна туристичка сезона, посочувајќи дека целта е Охрид да биде центар на забавата на Балканот.
Покрај забавниот дел, гостите имаа можност да се запознаат со туристичките потенцијали на Охрид и со традиционалните занаети, кои беа изложени на посебни штандови на повеќе локации во градот.
Белата ноќ ја подржаа над 90 хотелски и угостителски објекти кои денеска работат 24 часа со попуст на услугите од 10 до 30 проценти.
Времето денеска, променливо облачно со сончеви периоди Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец Максималната температура во Охрид ќе достигне 18 степени До средината на следната седмица време...
На подрачјето на СВР Охрид, од јуни до септември се издадени 292 прекршочни платни налози за возачи на електрични тротинети Само во септември се евидентирани 377 прекршоци Начинот на кој се управув...
Пред три и пол децении интернетот не беше дел од секојдневието на македонските граѓани Денес преку него комуницираме, работиме, купуваме, плаќаме, се информираме и користиме различни услуги, а моби...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.