Голем број гости, јавни личности, спонзори, претставници на Локалната самоуправа и медиуми присуствуваа на коктелот што во предвечерјето на 52-то издание го организираше фестивалот „Охридско лето“.

На коктелот, што се одржа во прекрсниот хотел „Гарден“ во центарот на Охрид, присуствуваше и дел од актерската екипа која вечерва ќе настапи во спектаклот „Ромео и Јулија“ со кој на Античкиот тетар ќе биде отворено новото „Охридско лето“. Од име на фестивалот се обрати директорката Елизабета Јанкуловска, која искажа благодарност за поддршката на спонзорите, државните институции и градот Охрид, како и до целиот тим кој макотрпно работеше на подготовката на фестивалската програма која од денеска ќе почне да се реализира.















Се е подготвено за 52-то Охридско лето
OhridNews