Жителите од охридската населба Велгошти, синоќа, со голема веселба и коледарски оган го одбележаа празникот Бадник.
Одбележувањето на Бадник го организира месното население, со цел, како што велат, зачувување на христијанските обичаи традиција.
Коледарскиот собир во Велгошти од година во година е се помасовен. Така беше и синоќа, кога покрај огнот се собраа голем број велгоштани.
Со коледарски обичаи, Бадник синоќа беше одбележан во сите краеви од земјата.