Фото: Со концерт на Ванеса Меј во магичниот амбиент на Античкиот театар отворено 59-то „Охридско лето“
12.07.19 22:05
Со концерт на светски познатата виолинистка Ванеса Меј, вечерва на Античкиот театар, започна 59-то издание на фестивалот „Охридско лето“.
Меј инспирарана од магичниот амбиент на Античкиот театар една од почетните теми ја посвети на еден од најголемите војсководци во историјата.
Оваа нумера е посветена на Александар Македонски, а ова е вистинсото место таа да биде изведена. – рече Меј за што доби громогласен аплауз.
Фестивалот за отворен го прогласи претседателот на државата Стево Пендаровски, кој ги истакна универзалните вредности на уметноста.
Во наредните 40 дена ќе бидеме граѓани на уште една заедничка татковина. Таа постои уште од почетокот. Во неа се зборува на универзален јазик Во неа има место за сите. Татковината за која зборувам е уметноста. – рече Пендаровски.
Од сцената на Античкиот театар претседателот упати порака за зачувување и на универзалните вредности на Охрид поради кои тој е прогласен за светско природно и културно наследство заштитено од УНЕСКО.
Мора да направиме се што е во наша моќ да го зачуваме статусот на Охрид во УНЕСКО. – порача претседателот Пендаровски.
Присутните на свеченото отварање, меѓу кои се премиерот Зоран Заев и членови на владата, градоначалникот на Охрид Константин Георгиески, претставници на дипломатскиот кор и многу познати лица од јавниот живот, ги поздрави министерот за култура Хусни Исмаили.
Охридско лето е најголем амбасадорр на нашата култура во светот.– рече Исмаили.
Пораката од име на уметниците учесници на фестивалот ја прочита режисерот Александар Поповски, кој своето обраќање го посвети на драматургот Горан Стефановски. Неговите пораки, рече тој, се актуелни и во денешно време.
Уметноста не треба да ја нарачуваме како песна во кафеана, треба да и дадеме простор да се искаже. – рече Поповски.
Фестивалот „„Охридско лето“ до 20 август ќе ни понуди 45 содржини.
На 14112025 во 15:30 часот во СВР Охрид е пријавено дека на две различни локации во водите на Охридското Eзеро кај охридското село Пештани пронајдени се четири неексплодирани експлозивни направи Из...
На 15112025 во 03:45 часот во сПодгорци, струшко, полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Струга лишија од слобода 39-годишно лице од сОровник, охридско При...
Ракометарите на Охрид во 3 коло од ЕХФ Европскиот куп утре го играат првиот натпревар на домашен терен со екипата на МРК Слога Добој од Босна и Херцеговина, во салата „Билјанини Извори“ со почеток ...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.