Кошаркарот на Мајами Хит, Леброн Џејмс е прогласен за најкорисен играч во НБА лигата за регуларниот дел од сезоната. За “кралот“ Џејмс ова трета награда. Првата ја освои во 2009-10 во дресот на Кливленд, а втората 2010-11 со тимот на Мајами.

Во своите витрини предводникот на “жешките“ има една шампионска титула, а во финалето беше избран за најкорисен кошаркар.

Деветкратниот учесник на “Ол стар“ викендот покрај овие награди има титули од Олимпијадата 2008 и 2012 и бронзен медал со репрезентацијата на Америка на мундијалот од 2006.

Мх.П.