Во рамки на обуките за безбедност на вода и прва помош, што заеднички ги реализираат Црвен крст Охрид и Операција Флориан, Манчестер, Англија, денеска на потегот на старото пристаниште во Охрид, се одржа голема показна вежба на спасување давеници и укажување прва помош.
Во показната вежба која се реализираше според претходно утврдено сценарио, учествуваа Единиците на Езерската полиција Охрид, охридската Територијална противпожарна единица , Итната медицинска помош и Единицата за безбедност на вода и прва помош на Црвен крст- Охрид и инструктори од Операција Флориан.