Ракометниот клуб Охрид, пред дерби средбата со Бутел Скопје во СРЦ „Билјанини Извори“ со специјален подaрок му се заблагодари на најголемиот поддржувач и симпатизер на клубот Димитар Василевски, односно компанијата “Галеб” АД Охрид. Урамениот дрес на неуморниот борец за доброто на охридскиот спорт му го врачи капитенот на „гладијаторите“, Крсте Андоновски.

  • Благодам на честа РК Охрид. Симболичен но за мене многу драг подарок. Големо благодарам на охридската публика за аплаузот и честа. Најголемо благодарам за моите другарчиња на трибина и мојата генерација од навивачката група Рибари. Благодарам! – изјави Василески.

Ракометарите на Василески, кој инаку е во најтесното клупско раководство на РК Охрид, покрај специјално урамениот дрес му подарија и победа во дерби средбата со Бутел Скопје за задоволството да биде уште поголемо.

OhridNews