На стадионот „Васил Левски“ во Софија пред 40 000 гледачи прославениот бугарски фудбалер Христо Стоичков приреди спектакл со организирање на натпревар по повод педесетиот роденден.


На ревијалниот меч во Софија во чест на легендарниот фудбалер беа дел од неговите поранешни соиграчи и противници. 


– Овој датум 20 мај мене лично појќе ми значи од 8 февруари кога сум роден. 20 мај засекогаш ќе е врежан во моето срце бидејќи пред 24 години на овој ден на Вембли со екипата на Барселона ја освоив титулата Европски првак. Долго посакував на мојата земја да и подарам еден ваков настан и конечно успеав донесувајќи голем број на фудбалски ѕвезди кои имаат оставено силен белег во фудбалот. – рече Стоичков.


Бугаринот во дресот на Барселона стигна до пет титули во Ла Лига, три во Супер купот на Шпанија и на Европа, една во Копа дел Реј и по една во Лигата на Шампиони и Купот на УЕФА.

OhridNews