Пријатното и топло есенско попладне, деновиве ги намами спортските риболовци да ја испробаат својата „среќа“ на повеќе локации крај езерото.
Охридски рибари велат дека на потегот од „Мостот на желбите“ до Канео, овој период во поголеми количини се застапени помали примероци на клен и грунец, а рибите најмногу гризат на црв или пијавица.
О.Т.