Изминатава седмица туристичките и хотелски работници од Охрид, најавија доаѓање на српските туристи во градот крај езерото. Очигледно дека за нашите северни соседи, охридската ривиера претставува атрактивна локација за најлудата ноќ во годината.

Судејќи по раздвиженоста во централното градско подрачје, но и големиот број на автобуси од соседна Србија, очигледно дека и оваа година градот ќе биде исполнет за новогодишните празници.

Ноќните клубови, рестораните, хотелите и кафичите се припремени на најдобар можен начин да ги задоволат сите вкусови како на охриѓани, така и на туристите кои пристигнуваат во градот.

О.Т.