Низ поголемиот дел од охридските улици, изминатите неколку денови видливо е оштетувањето на дел од популарните „легнати полицајци“. Некои од нив се мета на несовесните граѓани, кои упорно ги тргаат од коловозните ленти.

Граѓаните апелираат до надлежните, да се спречи ваквата негативна појава, а сторителите кои намерно ги ваѓаат овие ограничувачи на брзината, да бидат соодветно казнети.

О.Т.