Со многу смеа, преполна позитивна енергија и препознатлив балкански хумор, синоќа во „Cinema Food & Bar“ во Струга продолжи програмата на „Summer Comedy Marathon 2026.

Специјалниот гостин од Србија, Небојша Грујиќ, со стендап шоуто „Криза средњих година“ ја освои публиката преку духовити приказни за секојдневието, животните предизвици и моментите кога годините носат нови дилеми, но не ја одземаат смислата за хумор.

Вечерта ја отвори извонредниот Никола Тодороски, кој уште еднаш потврди зошто е едно од најпрепознатливите имиња на домашната стендап сцена, загревајќи ја атмосферата со својот оригинален хумор и одличната комуникација со публиката.

„Summer Comedy Marathon 2026“ продолжува вечерва (26 јули) во „Jazz Inn“ – Охрид, каде од 20 часот ќе биде изведено урнебесното „SEX Show 1“ со Никола Тодороски, Зоран Донев и Никола Сиљаноски – Братучед.

OhridNews
Фото: Анамарија Момироска