Десетина страствени вљубеници во авантуристичко возење на природни и тешко пристапни терени од Охрид и Кичево, викендов со џипови ја освоија Илинска планина.

Тие направија возбудлива тура тргнувајќи од Вапила, преку Куратица, Велмеј па се до Илинсака палнина и назад.

Ова е најава за пролетната офф роад авантура на која се очекуваат двесте учесници од цела Македонија. Се бележеше трасата, се одредуваа препреки за совладување и се избираа највештите возачи во адреналинската авантура.

Организатор на возбудливата тура со џипови до Илинска планина беше офф роад клубот Охрид.

OhridNews
фото: ЕМИЛИО