Грчкиот пливач Чаралампос Кинигакис  и Португалката Анџелика Андре триумфираа на 10-километарската трка која се одржа денеска во водите на Охридското езеро во рамките од „LEN Open Water“ серијата во организацијата на Пливачката федерацијата на Северна Македонија (ПФСМ) со поддршка од Македонски олимписки комитет (МОК) и Општина Охрид.

Кинигакис и Андре за еден завеслај беа побрзи од своите ривали и успеаја да се запишат во историјата како победници на првото издание на LEN Open Water трката во Охрид.

Гркот 10-километарската трка ја помина за 1 час, 47 минути и 4 стотинки, додека второпласираниот Даниел Сезикил задоцни четири стотинки а третопларасниот Јувал Сафра од Израел пет стотинки. Вистински фото финиш имаше кај дамите. Во последните 10-тина метри Андре ја стигна Италијанката Жинвера Тадеучи и за една стотинка побрзо влезе во целта со време (1.55.47) . Трета кај девојките финишираше Ангела Мауер од Германија.

Најдобар пласман од македонските пливачи имаше Евгениј Поп Ацев, кој заврши на 12-та позиција со време (1.47.42). Александар Илиевски се пласираше на 19-та позиција со време под два часа, а Дарио Петровски со време над два часа го зазеде 20-то место.

Вкупниот награден фонд на првото издание од LEN Open Water трката изнесува 10 000 евра а имаше и пренос во живо. Пливачките возбудувања во Охрид продолжуваат следниот викенд со одржувањето на Охридскиот пливачки маратон.

OhridNews