Без победник 1-1 (1-0) заврши контролниот натпревар помеѓу Лабуништа и Кораб од Албанија, кој се одигра денеска на теренот со вештачка трева во Охрид.

Иако се работеше за тест средба двете екипи одиграа максимално борбено, ангажирано и во некои моменти многу грубо со остри стартови. Во првиот дел Лабуништа искористи една од приликите и преку Пајазит Салиу од белата точка поведе со 1-0.

Албанскиот клуб кој се подготвува во Охрид во вториот дел заигра нешто подобро и успеа да го изедначи резултатот. До крајот не се затресе мрежата и мечот заврши 1-1.

За Лабуништа ова беше втор контролен натпревар и прво реми. Во воведниот, амбициозниот второлигаш ја совлада Ренова со 1-0.  Тест мечевите во Охрид продолжуваат во четврток со натпреварот помеѓу Ренова – Мачва од Србија.

OhridNews