Снегот кој почна да паѓа во текот на вчерашниот ден им предизвика нови главоболки на граѓаните на Струга. Над мразот и стариот снег сега има уште неколку сантиметри нов снег, што го отежнува движњето. Улиците во градот не се целосно расчистени, а снегот од коловозите е оставен на работ од улиците поради што возилата едвај се разминуваат. Поради тоа многумина се движат пеш, а се користат и санки.


Со санки низ струшките улици

OhridNews
фото: Емилио