Со традиционалното фрлање на капите, вчера вечер, матурантите од ОСУ „Св. Климент Охридски“ го одбележаа свеченото доделување на дипломите и завршувањето на средното образование.

Пред присутните пораки испратија директорката на охридската гимназија,  Весна Цветкоска, како и градоначаникот Јован Стојаноски.

-Вам, матурантите сакам да Ви порачам, дека најубавите моменти во животот не ви завршуваат тука, иако знам дека сте поминале многу убави моменти во оваа зграда, бидејќи и во иднина ви претстојат убави моменти. Чекорејќи цврсто напред ќе постигнувате успеси со кои ќе се гордеете. Од Вас, градот и државата, очекуваат многу, очекуваме овој град да го направите уште подобар, оваа наша држава една и единствена да ја направите најубава. Да знаете дека тоа Ви е должност, заради тоа што оваа држава и овој град 18 години се грижеле за Вас, 18 години вложувале во Вас и Ваша должност е да се вратите во овој град и оваа држава, да придонесите да бидат уште поубави, затоа што само така можеме да одиме напред, рече градоначалникот Стојаноски.

Настанот беше збогатен со културно – забавна програма подготвена од матурантите

А.М.

Фото галерија: