Влезот на Охрид конечно доби современ изглед каков што му прилега на грaдот.

На уреден простор кај клучката која ги раздвојува билеварите „Туристичка“ и „Железничка“, поставен е осветлен грб на општината изработен од бекатон плочки и обоен во боите на градот, со патоказна стрелка која насочува кон Охрид.

Исто така на влезот од градот поставена е макета од Охридска куќа, најпрепознатлиот симбол на Охрид, а околниот простор хортикултурно е уреден.

На разубавувањето на влезот на Охрид работеа општинските јавни претпријатија на иницијатива на локалната самоуправа.

OhridNews