Легендарниот британски диџеј Sasha изминатиот викенд приреди вистински музички спектакл во клубот Rebel во Охрид, каде бројната публика уживаше во повеќечасовно патување низ врвниот progressive и house звук.
Настанот, кој организаторите го оценија како исклучително успешен, помина во фантастична атмосфера, исполнета со одлична енергија, танц и незаборавни музички моменти. Sasha настапи за првпат во Охрид, а неговиот сет беше проследен со одушевување од љубителите на електронската музика.
Фотографиите најдобро ја доловуваат атмосферата од вечерта, која уште еднаш потврди дека Охрид е сè позначајна дестинација на регионалната електронска сцена.
Светскиот диџеј Sasha приреди спектакл во Охрид
Летната сезона во Rebel продолжува со настапи на светски познати диџеи. По ANII, Nakadia и Sasha, следуваат Victor Ruiz, Christian Smith, Anna Reusch и Adrianna, со што клубот и во наредните недели ќе остане едно од најатрактивните места за љубителите на електронската музика во регионот.
OhridNews
Фото: Club Rebel























