Во манир на големите светски клубови, Ракометниот клуб Охрид вчерашаниот слободен ден го искористи за заедничко дружење или популарен тим билдинг. „Гладијаторите“ пеш се искачија до атрактивното село Велестово.

Охридските ракометари под палка на Раде Стојановиќ работат во пеколно темпо во текот на подготовките и не се штедат. „Гладијаторите“ имаат по два тренинзи дневно се со цел да ги исполнат условите на клубот и апетитите на охридската публика која е гладна за ракомет.

Следната недела, ракометарите на Охрид, повторно ќе поминат некое време заедно а дестинацијата дополнително ќе биде одредена.

OhridNews