Осум члена екипа на Спортското планинарско друштво „Томорос Пик“, вчера изведе рекреативна тура на планинскиот масив Галичица, во областа позната како Петрино и искачување на Среден Врв 1654мнв. Турата беше изведена во зимски услови со полна зимска опрема. Патеката од околу 10км во двата правци беше целосно покриена под снег. Целта на турата беше рекреативна и делумно кондициона, но и се испробуваа новите електронски уреди кои друштвото ги обезбеди за понатамошно постигнување на различни цели. Сончевото време и не многу јакиот ветер беа идеална комбинација за целодневно уживање во неповторливиот пејзаж.


Тој прекрасен, прекрасен Охрид

OhridNews.