Традиционално и оваа 2018 во маалото во Кошишта кај домот “Св. Кирил и Методиј” се разгоре василичарскиот оган. Се играа традиционални ора, проследени со музика.
Веселата атмосфера беше надополнета со печење колбаси и месо на скара на жар, топол леб, туршија и црвено домашно вино, а се печеа и компири во фолија. Точно на полноќ, минатогодишната кума на околу 50 тина луѓе им подели банички со сирење.
Среќата што ќе ги следи преку цела година и се насмевна на Наде Ниче, која ја пронајде паричката во својата баничка со што воедно е и нова кума заедно со Владо Ниче.
Паричката која се врти во Кошишта е традиционално истата сребрена паричка со верски православни симболи и порака која се пренесува од година во година.
Во Кошишта дел од прославата беа и градоначалникот Јован Стојаноски како и музичката ѕвезда Даниел Кајмакоски!
OhridNews
Фото: Антонио Стаматоски




















