Во централниот објект на ЈОУДГ „ Јасна Ристеска“, денес, се одржа традиционалната приредба за децата од големите групи кои го завршуваат престојот во детската градинка.

На 200 дечиња од сите објекти, по повод заминувањето од градинката им беа доделени дипломи, како што рече ВД директорката Розе Костоска, кои ќе бидат основа за добивање на уште многу други дипломи за постигнати успеси во нивното понатамошно школување.

– Ние , освен што ги згрижувавме, им го дадовме првиот чекор и основа од образованието и воспитувањето.  Им посакуваме понатаму да ги следат среќа, успеси на сите полиња и да бидат вредни како пчелички, да се сакаат и да си помагаат, рече Костоска.

Во рамки на приредбата, беше организирана и хуманитарна акција- продажба на цртежи со цел да се соберат средства наменети за лекување на девојче, згрижено  во градинката. 

OhridNews
фото: ЕМИЛИО