Се разбира ова особено важи за нашите патишта, уништени, недоправени, необележани. Во услови на мрак или слаба видливост, дожд или магла фалат само уште неосветлени трактори и други земјоделски машини. А нив периодов ги има колку сакаш. Почнуваат земјоделските работи, се придвижува и земјоделската механизација. Затоа двете четири, оти не знаеш во која кривина на магистрален пат ќе налеташ на неосветлен трактор со некоја бледа, едвај забележлива налепница која треба да ги предупреди учесниците во во сообраќајот.

Ако ги прашате трактористите, ќе ви речат нема друг начин како да стигнат до имотите, или пак вака им е поблиску. Кој знае. Не се виновни тие, во оваа земја ионака малку што функционира. Па сега уште до тракторите дојдовме, ќе чуеш од луѓе. И така, релативизирање до бескрај, се вртиме во круг додека стоиме во место. А свеста не се менува. Да беше поинаку, чуму овие редови?

Г.М.