Новата фудбалска школа во Охрид, „FC Next Level“, од утре (24 јануари), официјално ќе стартува со тренинзи. На почетокот, поради временските услови, тренинзите ќе се одвиваат во СРЦ „Климент Колески“, а потоа ќе се одржуваат на СРЦ „Билјанини Извори“.

По тој повод, школата ги финализираше сите подготовки околу опремата, која е современа и модерна по светски стандарди.

Вложивме максимални напори да обезбедиме опрема за секој наш член. Во оваа спортска приказна влегуваме со голем ентузијазам и желба за работење. Нестрпливи сме да стартуваме со тренинзите и да учиме со нашите членови. – изјави сопственикот и еден од тренерите во школата, Марино Маркоски.

Во новата фудбалска школа „FC Next Level“ можат да се запишат дечиња родени од 2009 до 2015 година. Контакт телефон за информации (072 264 509-Марино) или официјална страница на фудбалската школа на социјалната мрежа Фејсбук.

OhridNews