Во 1991 година, на влезот на стариот град од долна порта, на местото на старата пекарница, каде што локалното население некогаш го купуваше највкусниот леб, започна со работа познатата пицерија „Леонардо“, која три децении е омилено место на љубителите на вкусните италијански специјалитети во Охрид.

Три децении пицерија „Леонардо“ – омилено место на охриѓани и гостите од сите меридијани. Фото: Емил Јовановиќ.

Со тек на времето „Леонардо“ прерасна во најпосетуваното место на охриѓани и гостите кои од сите меридијани доаѓаат во градот на УНЕСКО- љубители на вкусни пици подготвени со љубов од врвни мајстори на занаетот.

Приказната на пицеријата „Леонардо“ успешно се тркала и во новиот милениум, благодарение на традицијата и препознатливата услуга. Омилената пица со уникатен квалитет, покрај во ресторанот, може да се вкуси и на посакуваната дестинација во градот со бесплатната достава која функционира од самите почетоци на „Леонардо“, денес надградена со онлајн понуда и брза испорака.

Од самиот почеток воведовме бесплатна испорака и тоа нема да се промени, и затоа со задоволство може да кажеме дека тоа не искачи на првото место во нашиот град како пица ресторан со долга и непрекината традиција. Нашата приказна нема да беше реалност ако ние не го правиме ова за нашите посетители. Тајната на успехот сте Вие – затоа бескрајно ви благодариме на довербата и прекрасните моменти кои ги споделувате со нас, на што се темели нашиот успех. – велат од пицерија „Леонардо“.

Јубилејот, „Леонардо“ го одбележа синоќа со свеченост на која присуствуваа бројни гости, меѓу кои и познати личности од јавниот и политичкиот живот,  пријатели и  љубители на добрата пица и италијанска храна на кои оваа позната охридска пицерија им е добра навика веќе триесет години.

Фото галерија:

Пицерија „Леонардо“ одбележа 30 години постоење

OhridNews
Фото: Емил Јовановиќ