Селекцијата до 21 година забележа победа 3-1 (1-0), во првата од двете тест средби со репрезентацијата до 19 години, кои двaта национални состави ќе ги одиграат на тренинг кампот во Охрид.

Пулените на Благоја Милевски физичка надмоќност ја капитализираа во финишот од првиот дел кога го отворија резултатот. Надежите до 19 години на стартот од второто полувреме од белата точка изедначија на 1-1. Прецизен беше Марио Илиевски. У21 селекцијата победата во првиот меч на тренингот кампот во Охрид ја обезбедија со два погодоци пред крајот на натпреварот. За 2-1 реализираше Емир Скендери, а, конечните 3-1 ги постави Зоран Ивановски.

Во У19 селекцијата стартер беше фудбалерот на Охрид Славе Маркоски.

Вториот контролен натпревар, двете селекции ќе го одиграат в среда во 12 часот, на теренот со вештачка трева на СРЦ „Билјанини Извори“.

  • Почетни состави:

У19: Николоски, Маркоски, Крстевски, Величковиќ, Фета, Рамани, Максимов, Тодоровски, Илиевски, Николов, Калкан

У21: Велковски, Иљази, Ѓурковски, Додевски, Јанкулов, Димоски, Адем, Воша, Ѓорѓиевски, Сухељ, Љума

Мх.П.