По повод празникот на жената, 8-ми Март, кандидатите за советници од коалицијата „За подобра Македонија“, денеска, го посетија геријатриското одделение при општата болница во Охрид. Тие на припадничките на понежниот пол, кои тука ги минуваат деновите на длабока старост, им подарија цвеќе и внимание.