Осмооделенците од Основното училиште „Григор Прличев“, од Битола го најавија крајот на основното образование.
Звуците на музиката ги растреперија младите срца на полуматурантите, кои со по некоја солза се сеќаваа на изминатите години поминати заедно во училишните клупи.
Во весела атмосфера, со песни и ора се разделија од наставниците и училиштето.
Инаку, учениците и наставниците од оваа образовна институција, традиционално вечерта ја прославија со исти маици на кои е испишано логото на училиштето.
OhridNews












