Откако пред три месеци порталот OhridNews објави фотографии од расфрланиот отпад кај хотелот „Ривиера“, денеска сликата покрај кејот на езерото беше сосема поинаква.
Превртените бетонски саксии и големото количество смет кое секојдневно го гледаа граѓаните и туристите, најпосле е расчистено.
Инаку, „Ривиера“ е еден од препознатливите белези на градот Охрид, кој веќе подолг временски период стои запуштен на самиот градски кеј. Хотелот е во сопственост на „Комерцијална банка“, а стекнат е во постапка на реализација на хипотека и се наоѓа на продажба. Дали овој објект ќе го снајде истата судбина како и хотелот „Палас“, ќе покаже времето.
Фото: Што остана од „Ривиера“?
O.T.