Во рамки на „Summer Comedy Marathon 2026“ вчеравечер во „Jazz Inn“ – Охрид, беше изведено урнебесното „SEX Show 1“ со Никола Тодороски, Зоран Донев и Никола Сиљаноски – Братучед. На одличната охридска стендап екипа и се придружи и гостинот од Србија Небојша Грујиќ.

Публиката присуствуваше на вечер без цензура, со многу смеа, провокација и комедија што не остава рамнодушен.

 

 

„SEX Show“ е најжешкото стендап шоу на Summer Comedy Marathon ’26 во која комичарите зборуваат отворено, без рачна, со шеги што одат директно таму каде што сите мислат, ама ретко кој кажува на глас.

Повторно публиката ќе може да го погледне на 9 август во „Jazz Inn“.

OhridNews