Љубителите на добрата музика уживаа во забавата во „Ночолино“ ланџ бар & џелатерија во „Охрид мол“, каде синоќа настапи Ѓоко Танески со неговиот бенд, кои приредија прекрасно музичко доживување.

Вечерта на музички страсти беше чиста емоција исполнета со популарни рефрени кои присутните ги пееја заедно со со Ѓоко Танески.

Настапот на Ѓоко Танески во „Ночолино“ ланџ бар & џелатерија во „Охрид мол“ отвора нова димензија во забавниот живот од Охрид надвор од вообичаената „шема“, докажувајќи дека Охрид има и места луѓе кои го препознаваат квалитетот.

Од „Ночолино“ ланџ бар & џелатерија најавуваат квалитетни настани во локалот на приземјетот од „Охрид мол“ во наредниот период и претстојната туристичка сезона.

Фото: Анамарија Момироска