Илјадници граѓани и гости вечерва го исполнија централниот плошдат во Охрид, каде во очи празникот Богојавление – Водици, концерт одржа познатиот хрватски музичар Петар Грашо. Тие уживаа во најголемите хитови на Грашо, кој до максимум ја загреа празничната атмосфера оваа студена јануарска ноќ во Охрид.

Величенствениот концертен амбиент од воздух и земја го овековечи „Мега продукција“.

Величенствена празнична атмосфера во Охрид

OhridNews
фото: „Мега продукција“