Илјадници верници ги исполнија храмовите на Македонската православна црква во Охрид, каде вечерва се одржаа полноќни богослужби по повод големиот христијански празник Воскресение Христово Велигден.

Централната богослужба се одржа во Свети Климентовиот храм Свети Пантелејмон на Плаошник, каде чиноначалствуваше митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј. Меѓу бројните верници беше и претседателот на македонското собрание, Трајко Вељаноски.


Заедно со Охриѓани Велигден во духовните храмови на вториот Ерусалим го дочекаа и голем број гости од земјава и странство.

Христос Воскресе – Вистина Воскресе!

За многу години.
OhridNews

фото: Емилио