Фото: Верниците го негуваат култот кон Свети Наум Охридски
03.07.23 16:54
Верниците денес го исполнија манастирскиот комплекс Свети Наум за празник посветен на овој светец за да се помолат за своето и за здравјето на нивните најблиски, бидејќи се верува дека Свети Наум Охридски имал чудесна моќ на излекување и дека бил голем исцелител.
Беше одржана утрена богослужба, како и света архиерејска литургија со која чиноначалствува митрополитот Дебарско-кичевски Тимотеј. На свечената литургија присуствуваше и градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков.
На влезот од манастирската црква верниците трпеливо чекаа во ред за да запалат свеќа и да се поклонат на гробот на светителот.
Култот за Свети Наум е силен кај верниците од Охрид и регионот, така што покрај православни верници на празникот на светецот бројни се и гости од странство, како и граѓани од други вероисповести.
Ова култно место крие бројни тајни и интересни приказни кои се пренесуваат од колено на колено. Се смета за чудотворно по делата на светецот, а посетителите ден денес раскажуваат за бројни необични случки што ги доживуваат во Св. Наум.
Св. Наум најголемиот дел од својот живот го поминал во манастирот на јужниот дел од Охридското Езеро кој сам го изградил.
Таму тој ја развивал својата просветителска дејност. Освен по книжевната работа мегу народот бил познат и како исцелител и за време на својот живот излечил многу луге претежно душевно болни.
Познат е и како чудотворец бидејки направил и многу чуда, а некои од нив се претставени и на фреските од неговиот манастир како таа на која Св. Наум ги впрегнал заедно волот и мечката да ораат.
Неговиот гроб се наоѓа во внатрешноста на манастирот, а се верува дека поклонувањето на неговиот гроб носи здравје, душевен мир и спокој.
Подобрување на квалитетот на времето на старите лица, намалување на осаменоста и социјалната изолација, поттикнување на физичката и менталната активност, зачувување и развивање на индивидуалните сп...
Вработените во фабриката „Костал“ постапуваат согласно плановите во услови на случен земјотрес и пожар, а исполнети се и очекувањата за брза и навремена интервенција на службите кои се надлежни во ...
На 30092026 во 20:45 часот во СВР Охрид е пријавено дека пред деловен објект во охридското село Куратица бил нарушен јавниот ред и мир со физички напад извршен од едно лице врз 47-годишно лице, два...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.