Празникот Свети Великомаченик Димитрија, во народот познат како Митровден, масовно се одбележува во Охрид.

Верниците утрово ја посетија црквата посветена на Свети великомаченик Димитријa во село Велгошти, каде запалија свеќи за здравје, а беше осветена и празничната софра и вода.

 

Со Митровден се смета дека завршува летниот период од годината, а започнува зимата.

OhridNews