Река народ вечерва се слеваше кон христијанските храмови во Охрид.
Православните верници и католиците денеска го одбележуваат најголемиот христијански празник Воскресение Христово -Велигден. По тој повод во сите православни храмови и во католичката црква во Охрид се одржаа вечерни богослужби на кои беше објавена радосната вест за воскресението Христово, како симбол на победата над смртта.
Централната богослужба за православните верници се одржа во Свети Климентовиот храм Св. Пантелејмон на Плаошник, со која чиноначалствуваше митрополитот Дебарско – кичевски г. Тимотеј.
Верниците кои ги имаше од сите краеви на земјата палеа свеќи за здравје, а тие кои постеа за Велигден се причестија.
Христијаните го слават Велигден
OhridNews
фото: Емилио


















