Дечињата од градинките во Охрид, на втори април  (први април се падна во недела) го прославија Денот на шегата, Први април. Маскирани и весели, на плоштадот околу 150 деца заедно со своите воспитувачки се дружеа на прекрасниот ден. Имаше мало дефиле на маски, интересно – не беше избрана најубава маска, „сите биле најубави“. Дружењето траеше околу еден час по што децата си се вратија секои во своите градинки.

Фото: С. Костоски