Ако сте пушач, сигурно ве нервираат и по малку ве навредуваат сите оние силни натписи „забрането пушење“ во секој можен јавен објект. Да бидеме искрени, тоа е закон (слабо се почитува), но сепак останува чувството дека пушачите (по терк на Запад) постануваат граѓани од „втор“ ред. Ако веќе е дозволено и сосем легално секој полнолетен човек да си купи слободно и без ограничувања цигари од трафика или продавница (купуваат и малолетници, но тоа треба инспекција да го санкционира!), тогаш забранувањето и „штитењето“ на непушачите делува малку лицемерно.

Сепак, еден светол пример за култура во угостителството. Во „Рибниот ресторан“ кај делот за пушачи културно поставиле натпис кој ви овозможува без грижа на совест и со дигнитет да испушите една. И пушачите се „заслужни“ муштерии, нели? А и каква е таа дружба ако морате на секое да излегувате надвор за да запалите!?

Искрено, и вашиот новинар е во транзиција од пушач кон непушач (трета недела). Пушењето е штетно по здравјето.

Спаско Костоски
Идеја: Жанко „З`ш“