Во една од нашиве продавници за електро опрема купуваме продолжен кабел. Нормално продавачот ни издвојува производ од бившите ЈУ простори. „Тоа тие проверен квалитет батка“, ни вели. Не убеди па го купивме   „квалитетниот“ продолжен кабел и нормално веднаш пристапивме кон инсталирање на соодветното место. И тогаш сосема случајно на етикетата забележавме збунувачки податок. На производот јасно пишува made in CROATIA , арно ама веќе од другата страна на декларацијата јасно стои дека земја на потекло е Кина. Па сега ти види  што „проверен квалитет“ производи се продаваат кај нас.


Навидум обичен продолжен кабел…


произведен во Хрватска…


односно во…


…Кина

Г. М.