Чудна ситуација. Кај куќата на Зарчевци, на ѕидчето оставени (уредно) делови од облека, а нема никого. Се приближувам и гледам човек во вода. Беше попладне, 29-ти декември, температура на воздухот едвај над нулата, а на водата околу 7 степени. Успеав да направам неколку фотографии иако човекот не беше расположен за „позирање“. Дознав дека се вика Петар и од време на време се капел вака – „за здравје“. „Ритуалот“ го заврши за околу половина час, се облече и си замина.
Припремање
сапунење
плакнење
бришење
чудно место и време избрано за капење
Од охридските легендарни „капачи“ во секакви услови (па и најголем студ) секако најпознат е Ламбе Арнаудов кој и самиот во една прилика ни раскажуваше анегдота како го уплашил клисарот во Св. Јован Канео кога во 5 сабајле излегол од вода, а овој повикал – „Свети Јон, Свети Јон…“ Следното големо масовно капење ќе биде за Водици, на 19ти јануари.
Времето денеска во Охрид ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец Максималната температура ќе достигне 16 степени Во понеде...
На 08112025 во 02 часот, полициски службеници од СВР Охрид во охридското село Велгошти од слобода лишија 39- годишно лице од истото село Лицето претходно било агресивно кон членови на неговото семе...
ОВР Струга поднесе кривична пријава против 26-годишно лице од дебарското село Џепиште, поради постоење основи на сомнение дека ги сторил кривичните дела „грабнување“ и „полов напад и силување“, как...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.