Ветрот кој денеска дуваше во Охрид силно го разбранува Охридското Езеро. Високите бранови кои се креваа и по неколку метри, го заплискаа целото крајбрежје, вклучувајќи го и градскиот кеј и пристаништето.

Според најавите на метеролозите во текот на претстојната ноќ ќе има врнежи од дожд кои во западните и јужните делови ќе бидат пообилни (локално од 40л/м2 до 60 л/м2).

На планините врнежите ќе бидат од снег, каде снежната покривка ќе се зголеми. Нови пообилни врнежи ќе има во сабота ноќта и во недела кога врнежите ќе бидат и поројни, проследени со грмежи и силен ветер.

Дополнително се очекува водостојот на реките да се зголеми со топење на снеговите и се очекува излевање на реките со што се подигнува алармантноста со хидролошката состојба.

OhridNews

Фото: Емилио