Со традиционално дефиле под маски започна официјалниот дел од Вевчанскиот карневал. Вевчанци на сатиричен начин, зачувувајќи ја речиси 15-вековната традиција, ги прикажаа случувањата од изминатата година во јавниот и политичкиот живот, како во земјава, така и во странство.

Условите се можеби по екстремни, но убаво е да се биде овие два дена во Вевчани. Општина Вевчани во соработка со јавното комунално претпријатие „Еремија“ 24 часа е на терен. Ги чистиме и регионалните патишта што не поврзуваат со Струга и Дебар за гостите да можат полесно да пристигнат. Никогаш, никој не ги знае маските, освен оние што се маскираат. Во тоа е и убавината на Вевчанскиот карневал. Овие два дена атмосферата ќе биде како и секоја година. Очекувам се да биде во најдобар ред, изјави Кочовски.

Вевчанскиот карневал е национален бренд, нешто што е препознатливо не само во Македонија, туку уникатен е, препознатлив и интересен и за Европа и за целиот свет, истакна министерот Љутков.
Мора да го негуваме Вевчанскиот карневал и да ја поддржуваме оваа традиција. Треба и да ја надоградуваме од година во година. Иако овој Фестивал имал прекини во финансирањето ветувам дека се повеќе и повеќе ќе се зголемува буџетот, бидејќи значи многу не само за равзојот на културата, тука од овој момент е многу важен и за развојот на туризмот. Се надевам дека ќе стане се посилен бренд за Македонија, додаде Љутков.
Со оглед дека Вевчанскиот карневал после 20 години, минатата година повторно стана дел од Федерацијата на европски карневалски градови, по расчистувањето на наталожените долговите кон институцијата, претставници од Европската федерација на карневалски градови оставрија средба со градоначалникот Кочовски.

По нив се движеа останатите маски инспирирани од актуелните политички и секојдневни случувања. Секое карневалско издание за Вевчанци е доживување.
Во рамките на забавниот дел од Вевчанскиот карневал присутните вечерва ќе ги забавуваат „Љубојна“, Наум Петрески, оркестарот „Вевчани“, како и Перо Бели и Коки Биоритам, кои точно на полноќ на присутните ќе им ја честитаат Новата година, според Јулијанскиот календар.

Н.С.Ј.
фото. Б. Стојаноски























