Повеќе од 1.000 маски, денеска, можеа да се видат низ вевчанските улици на традиционалното дефиле во рамки на Вевчанскиот карневал кој и годинава го следат неколку илјади посетители. И годинава традиционалните маски – зет и невеста, Глупавиот Август и музичарите, се неизоставен дел од карневалот со кој се слави доаѓањето на Новата година според стариот календар.

По дефилето, василичарите ќе одат од куќа во куќа, а утре рано изутрина заедно со гостите ќе одат на полнење вода на Вевчанските извори. Манифестацијата ќе заврши со традиционалното палење на маските.

Фото галерија:

OhridNews