Најстариот карневал во Македонија и воопшто во Европа и годинава на уникатен и препознатлив начин, преку креативни маски ги отслика актуелните настани во земјава и светот, кризата со електричната енергија која неодамна го зафати регионот, студентските протести, пропаднатиот проект за гасификација „Јужен поток“, терористичкиот напад во Париз…. Низ вевчанските сокаци покрај традиционалните зет и невеста, музичарите и Глупавиот август, денеска продефилираа бројни митски суштетства и филмски ликови, а најмногу внимание привлекоа групните маски за „ЕВН“„Македонија пат“, „Шпајзот на Вевчани“, „Јужен Потоп“. Меѓу маскираните во Вевчани и годинава „прошета“ Субрата Рој. 

OhridNews