И покрај минусните температури на воздухот и ладната езерска вода, над 500 православни верници денеска скокнаа во осветените води на Охридското Езеро со желба да стигнат до Светиот крст. Најголема среќа и повод за славење, по пауза од една година имаше тајфата од населбата Варош. Тие славеа заедно со 26-годишниот Петар Рупески, кој успеа прв да дојде до Светиот крст.
Фрлањето на Светиот крст во Охрид го проследија илјадници охриѓани како и бројни домашни и странски гости, кои имаа можност да уживаат во сончев јануарски ден, на ниска дневна температура.
OhridNews