Меѓународниот трговски бренд SPAR денес ги отвори вратите за охриѓани. Со свеченост на која присуствуваа менаџерскиот тим, вработени и бројни граѓани беше отворен првиот маркет на SPAR во Охрид лоциран во Ohrid Mall.

Маркетот нуди богат избор прехранбени и непрехранбени производи, со посебен акцент на свежите категории – овошје и зеленчук, месо и месни производи, млечни производи, пекарски производи, како и производи за секојдневните потреби на домаќинствата.
Особено значајно место имаат сопствените брендови на SPAR, кои нудат одличен сооднос помеѓу цената и квалитетот. Истовремено, SPAR продолжува со својата определба за поддршка на домашните производители, преку соработка со локални компании и застапеност на македонски производи во својот асортиман.
Охриѓани добија ново место за секојдневно пазарење, место каде што купувањето е едноставно, изборот е голем, а довербата се гради со секоја посета.


Потрошувачите можат да очекуваат редовни неделни промоции, специјални викенд-акции, атрактивни ценовни понуди и дополнителни поволности преку промотивните кампањи на SPAR. Нашата цел не е само да понудиме поволни цени при отворањето, туку да изградиме долгорочна доверба кај потрошувачите и SPAR да стане нивен прв избор за секојдневно купување. Со отворањето во Охрид, продолжуваме да ја шириме SPAR мрежата во Македонија, носејќи ги меѓународните стандарди на еден од најпрепознатливите светски малопродажни брендови поблиску до македонските потрошувачи. Мој SPAR, мој избор! – порачаа од компанијата.

Фото галерија:
Меѓународниот трговски бренд SPAR ги отвори вратите за охриѓани
Н.С.Ј.
фото. А. Момироска






































































