Обилни врнежи од дожд денеска попладне го зафатија Охрид. На моменти врнеше пороен дожд кој за кратко време ги преплави коловозите.

Според најавите на Управата за хидрометеоролошки работи, во четврток не очекува променливо облачно време на места со повремен дожд и локална појава на грмежи. Во северозападните делови се очекуваат пообилни врнежи. Ќе дува умерен ветер од југозападен правец кој на моменти ќе засилува по интензитет, особено во западните подрачја.  

Максималната дневна температура во Охрид ќе достигне до 26 степени Целзиусови.

OhridNews