По повод роденденот на најголемата македонска музичка ѕвезда, Тоше Проески, 25-ти јануари, вечерва во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид, се одржи голем хуманитарен концерт.

На концертот настапија млади музички таленти од Охрид, кои изведоа повеќе песни од Тоше и ја потсетија публиката на големиот музички уметник чиј живот прерано згасна во тешка сообраќајна несреќа што се случи на 16-ти октомври 2007 година кај Нова Градишка, Хрватска. 

Концертот имаше хуманитарен карактер, а собраните средства од продадените влезници по цена од 100 денари, ќе бидат донирани на Дневниот центар за грижа на лица со попреченост „Зраци“.

Иницијатори за концертот се неговите фанови од Охрид, а хуманитарниот настан го поддржаа лајанс клубовите од градот.


Со хуманитарен концерт охриѓани го одбележаа роденденот на Тоше Проески

OhridNews