Со традиционални обичаи во Галичник денеска судбоносното Да го кажаа Оливер Андреевски и Елисавета Булоска која има потекло од Охрид,. Тие се годинешните зет и невеста на јубилејното 60-то издание на манифестацијата Галичка свадба, која викендов се одржа во Галичник под покровителство на Претседателот на државата.

Претседателот Пендаровски младенците ги дарувал со „галичка пафта“ – со мотив од галичка носија, посакувајќи им среќа, бериќет, љубов и хармонија во нивниот иден заеднички живот.

Покрај претседателот Стево Пендаровски и неговата сопруга Елизабета Ѓоргиевска манифестација „Галичка свадба“ ја следеа и неколку стотини гости.

„Галичка свадба“ официјално почна вчера со поставување на свадбарскиот бајрак и симболичниот чин на „фрлање три пушки“ од куќата на зетот. Денеска беа одбележани традиционалните свадбени обичаи, а младенците се венчаа во храмот „Св. Апостоли Петар и Павле“.

Во Галичник се венчаа охриѓанката Елисавета Булоска и галичанецот Оливер Андреевски

Г.М.